Најдобрата ракометарка во светот ја комплетира трансфер-бомбата!

Норвешката ракометна ѕвезда и најдобра ракометарка во светот Хени Реистад ќе го напушти дански Есбјерг по завршувањето на сезоната и кариерата ќе ја продолжи во француски Брест Бретањ.

27-годишната Реистад пристигна во Есбјерг во 2021 година од Виперс Кристијансанд и во изминатите години прерасна во едно од заштитните лица на клубот. 

Во дресот на Есбјерг, Реистад освои три шампионски титули во Данска и четири сезони по ред го предводеше тимот до завршниот турнир на Лигата на шампионите. Со репрезентацијата на Норвешка има импресивна колекција на трофеи, олимписко злато, две светски титули и три европски шампионски круни.

Пред заминувањето од Данска, Реистад ќе има уште една можност да го освои единствениот голем клупски трофеј што недостасува во нејзината колекција, тоа е титулата во Лигата на шампионите.

ФОТО: Team Esbjerg/Facebook