Најдобрата ракометарка на Холандија има проблеми со срцето

Репрезентативката на Холандија, Еставана Полман, на натпреварот од данскиот шампионат помеѓу Виборг и Есјберг мораше предвреме да го заврши дуелот и да се префрли во најблиската болница во Виборг поради проблем со срцето.

23-годишната Полман во текот на натпреварот добила неправилна работа на срцето и забрзан пулс, поради што не била во можност да ги одигра последните клучни моменти од ова дерби. Холанѓанката е клучниот играч на составот на Есбјерг, кој претендира кон шампионската титула во данското првенство. 

Дали една од најдобрите холандски ракометарки и најзаслужна за среброто на Холандија на светскиот шампионат одржан во Данска ќе треба да паузира или ќе може да се врати на ракометните терени ќе се знае по дополнителните медицински тестови. Полман за тимот на Есбјерг настапува од 2013 година.