• Мартин Танасковски
Можеби најдобрата голманка во историјата на ракометот, легендарната Катрин Лунде, направи вистинска сензација со трансферот во редовите на актуелниот српски шампион Црвена звезда.
Норвешката голманка која има 45 години ја прифати понудата од белградскиот клуб, откако остана без екипа по заминувањето од Оденсе на крајот на минатата сезона, каде пристигна по распадот на Вајперс Кристијансанд.
Лунде зад себе има импресивна кариера и важи за една од најтрофејните ракометарки на сите времиња. Таа четири пати ја освојуваше Лигата на шампионите – два пати со Виборг, два пати со Ѓер – а со Вајперс Кристијансанд три пати ја подигна европската круна.
Со нејзиното искуство и квалитет, „црвено-белите“ добиваат огромно засилување во пресрет на настапите во Лигата на Европа.
ФОТО: Odense Håndbold / Facebook