Нагелсман: Унгарија е под поголем притисок и ќе игра поофанзивно

Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јулијан Нагелсман, смета дека поради резултатот од првиот натпревар Унгарија е под малку поголем притисок од Германија, во пресрет на утрешниот дуел на двете селекции на Европското првенство во Германија.

Германците во петокот на домашен терен во Минхен во првиот натпревар на Европското првенство ја победија Шкотска со 5-1, додека Унгарија следниот ден во Келн загуби со 3-1 од Швајцарија.

„Унгарија поради резултатот од првиот натпревар е под малку поголем притисок од нас и ќе мора да игра поофанзивно отколку против Швајцарија, бидејќи пораз може да значи и елиминација“, изјави Нагелсман на прес-конференцијата.

Натпреварот Германија-  Унгарија се игра утре од 18:00 часот.