Начевски: Бев 100% сигурен дека Карачиќ направи барем шест чекори

Со одбрана на титулата на селекцијата на Шпанија пред два дена заврши Европското ракометно првенство, кое за првпат се играше со 24 селекции и три домаќини (Австрија, Норвешка и Шведска). 

Во големото финале „фуријата“ славеше тешка победа над Хрватска (22-20), во натпревар кој го „реши“ екс-вардарецот Игор Карачиќ, откако во клучниот напад направи чекори и нашите судии Славе Николов и Ѓорги Начевски им ја одзедоа топката на „каубоите“ на Лино Червар. 

<<< ПОВРЗАНО - Червар по чекорите на Карачиќ: Ни ја украде топката, да му е*ам мајката безобразна (ВИДЕО)

По дуелот во Стокхолм, Начевски за „Балкан Хендбол“ изјави дека беше тешко да се донесе таква одлука, но бил сигурен дека Карачиќ направил најмалку шест чекори. 

„Се разбира дека е тешко да се донесе таква одлука, бидејќи не сакаш да бидеш тој кој ќе го реши финалето на Европското првенство во последната минута. Но, олеснителна околност беше фактот што бев 100% сигурен дека тој играч направи барем шест чекори“, рече нашиот судија за балканскиот медиум. 

„Балкан Хендбал“ ги прогласи токму судиите за најдобри поединци во тоа финале. Одлуката не е само поради спорниот момент, туку и целокупното судење на натпреварот. 

<<< ПОВРЗАНО - Начевски и Николов добија „признание“ за одлично суденото финале