Начевски и Николов ќе го судат големото четвртфинално дерби

Македонските судии ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе бидат дел од четвртфиналните возбудувања на Мундијалот во Египет.

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ги постави за делители на правдата на дербито меѓу Шпанија и Норвешка. Тие претходно беа дел од дуелот меѓу Хрватска и Катар.

Сестрите Бонавентура ќе бидат на теренот на мечот Шведска - Катар, Хрватите Милошевиќ и Губица ќе бидат задолжени за судењето на првото четвртфинале меѓу Данска и Египет, а мечот Франција - Унгарија ќе го водат Гарсија и Марин од Шпанија.

Четвртфиналињата на Светското првенство се играат денес, два дена подоцна закажани се полуфиналните средби, а конечната разврска за висок пласман ќе се случи в недела.