• Мартин Танасковски
Најдобрите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов го имаа првиот настап на Светското клупско првенство (СКП) и ја делеа правдата на натпреварот меѓу Магдебург и Ал-Калеј кој заврши со победа на бундеслигашот (35-28).
Откако во првите мечеви беа меѓу „резервите“, Начевски и Николов ја добија можноста да го судат директниот дуел за полуфинале. Како победник очекувано излезе Магдебург, кој си ја заврши работата со доминантно второ полувреме, откако првиот дел беше 15-14.
Најдобар кај Магдебург беше Исак Персон со девет гола, пред Омар Магнусон со пет реализации, додека кај Ал-Калеј Али Ал Ибрахим погоди вкупно седум пати.
Магдебург е прв полуфиналист, а се очекува во следната фаза ако нема изненадувања да му се приклучат Веспрем и Барселона, како и подобриот второпласиран од Ал-Ахли и Замалек.