Начевски и Николов подготвени за старт на Мундијалот

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Македонската судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски го започнува својот настап на Светското првенство во Германија и Данска.

Нашиот најдобар судиски пар вечерва е делегиран да ја дели правдата на средбата од групата Д. Начевски и Николов ќе бидат на теренот и ќе им судат на репрезентациите на Египет и Шведска, дуел кој ќе се одигра во „Ројал Арена“ во Копенхаген.

Натпреварот меѓу Египет и Шведска ќе стартува од 20:30 часот. Во оваа група, која се игра во Данска, уште играат Аргентина, Катар, Ангола и Унгарија.

СП, Група Д
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШведскаШведска 5 5 0 0 151:111 40 10
2 УнгаријаУнгарија 5 2 2 1 151:138 13 6
3 ЕгипетЕгипет 5 2 1 2 132:133 -1 5
4 КатарКатар 1 5 2 0 3 125:127 -2 4
5 АргентинаАргентина 1 5 1 1 3 119:130 -11 3
6 АнголаАнгола 5 1 0 4 121:160 -39 2