• Мартин Танасковски
Во традиционалниот избор за најдобра судиска двојка на планетата во 2024 година се најдоа Бојан Лах и Давид Сок односно Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Словенците и Македонците беа избрани со гласови на ракометните новинари од целиот свет и се меѓу номинираните парови за кои посетителите на веб-страницата и Инстаграм профилот на „Handball-Planet.com“ ќе можат да гласаат до 20 јануари.
Начевски и Николов беа избрани за најдобри во 2016 година, додека Словенците се актуелни победници за 2023 година.
Најмногу титули во осумте години откако е организиран изборот за најдобри судии имаат Хрватите Борис Милошевиќ и Матија Губица, кои трипати беа прогласувани за најдобри.