Начевски и Николов ќе судат на првата „македонска битка“ за Ф4 во Келн

Најдобрите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија нова задача во ракометната Лига на шампиони и ќе судат на еден од четвртфиналните дуели кои се играат следната седмица.

Начевски и Николов патуваат во Франција, каде ќе судат на дуелот меѓу Нант и Веспрем, екипи во кои настапуваат двајца македонски играчи - Кирил Лазаров и Дејан Манасков.

Овој дуел кој ќе се игра на 13 мај го носи епитетот на „македонска битка“ за Ф4, затоа што сигурно е дека еден наш ракометар ќе игра за титулата.

Реваншот меѓу Веспрем и Нант ќе се игра во Унгарија, а е закажан на 20 мај.