Начевски и Николов ќе им судат на Русите на клучниот дуел против Исланд

Начевски и Николов

На петтиот ден на Европското првенство во ракомет во Австрија, Шведска и Норвешка за првпат ќе се појават македонските судии на сцена. Ѓорѓи Начевски и Славе Николов делегирани се да ја делат правдата на натпреварот меѓу Русија и Исланд. 

Нашата судиска двојка со сигурност ќе суди и во главната рунда. Исланд во првото коло приреди изненадувачки ја победи Данска, а Русија по голема борба загуби од Унгарија. 

Македонскиот судиски пар важи за еден од најдобрите во светот и со сигурност ќе кандидира за некој од завршните натпревари на шампионатот. 

Денес на првенството се играат натпреварите од второто коло во групите А, Ц и Е.