Начевски и Николов и оваа сезона ќе судат во Келн

Екипата на Вардар нема да биде единствениот претставник на Македонија на претстојниот завршен турнир од ракометната Лигата на шампиони во Келн. 

Нашата најдобра судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов повторно се најде во потесниот круг за арбитри за овој спектал, а токму тие ќе го затворат полуфиналниот ден, односно ќе го судат мечот меѓу Веспрем и Киелце.

Португалците Дуарте Сантос и Рикардо Фонсека ќе ја делат правдата на дуелот за трето место, додека големото финале им припадна на домашните арбитри Ларс Гејпел и Маркус Хелбиг. 

„Фајнал-фор“ турнирот во Келн ќе се одржи на 1 и 2 јуни, а нашиот Вардар од 18:00 часот ќе се сретне со шпанскиот шампион Барселона