Начевски и Николов добија „признание“ за одлично суденото финале

Финалето на ракометното континентално првенство заврши во корист на Шпанија која ја победи Хрватска со 22-20 и стана старо-нов европски првак. Натпреварот меѓу двете селекции беше изедначен и се играше егал, а нашите судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов имаа една одлука која многумина ја оспорија. 

Во 59. минута, Начевски му досуди чекори на Игор Карачиќ, кои беа тешко прифатени од Хрватите. Сепак по прегледувањето на снимките, поранешниот вардарец навистина направи повеќе од дозволените три чекори. 

Угледниот ракометен магазин „Балкан Хендбал“ ги прогласи токму судиите за најдобри поединци во тоа финале. Одлуката не е само поради спорниот момент, туку и целокупното судење на натпреварот. 

„Да донесете одлука која е исправна во тој момент не менува многу, а сепак ќе делува на исходот на финалето на ЕП е навистина тешко. Во дуелот на две уморни и исцрпени екипи во „Теле2 Арената“, најдобри актери беа судиите Начевски и Николов“, напиша порталот. 

Очигледно нашите судии одлично си ја одработија својата работа и докажаа дека се на висина на задачата.