• Иван Димовски
На почетокот на следната седмица стартуваат возбудувања во Европската лига на ЕХФ, натпреварување во кое боите на Македонија ќе ги брани Вардар 1961.
Сепак, освен на колективен план ЕХФ одреди дека ќе имаме и претставници во судиската фела. Прв европски предизвик за новата сезона ќе имаат Виктор Начевски и Даниело Божиновски.
Младите македонски судии се делегирани за средбата меѓу Слован Братислава и Баја Маре во Љубљана која ќе се одигра на 14 октомври (вторник) во терминот од 20:45 часот.





