ВИДЕО: На Вардар ќе му недостига - деби погодокот на Кристопанс во Бундеслигата

Летонскиот репрезентативец Даинис Кристопанс прераснува во еден од најдобрите ракометари на денешницата.

За жал на македонскиот и европски првак Вардар, тој одлучи да си замине од Македонија и се пресели во Бундеслигата. Поради неисплатените плати и проблемите со кои се соочуваат „црвено-црните“, 215-сантиметри високиот бек потпиша со екипата на Фуксе Берлин до крајот на сезоната.

Дебито го имаше за време на викендот против Магдебург на Филип Кузмановски. На мечот постигна четири гола од исто толку обиди и блесна пред домашната публика.

Фуксе стигна до минималец од 25-24 благодарение на победничкиот погодок на Ханс Линдберг.