• Зоран Мишевски
И во претпладневните часови температурата во Краков е под нулата. Сепак, тоа не ги спречи многубројните туристи и навивачите на четирите земји кои играат во А групата на Европското првенство во ракомет да ги видат убавините на градот.
Еден од најоргиналните начини е на пајтон со локален водич и со обележја на твојата земја. Македонските фанови често го користеа овој начин да го запознаат Краков.
Многу помалку работа имаа оние кои ги имаа полските обележја, а малкубројни се и српските и француските навивачи.