На 40 години потпиша за Флензбург, а тренерот трансферот го нарече благослов

Александар Петерсон, 40-годишен Исланѓанец, летово се сели во Флензбург по девет години минати во редовите на Рајн-Некар Ловен.

Петерсон, кој го заврши својот настап на Светското првенство во Египет, се договори за ангажман со Флензбург, клуб за кој веќе играше во периодот од 2007 до 2010 година.

„Петерсон располага со таков квалитет што во овој момент е вистински благослов за Флензбург“, рече тренерот на поранешниот европски првак, Маик Макула.

Петерсон игра на позицијата десно крило, има долгогодишно искуство во Бундеслигата, а покрај Флензбург и Рајн-Некар Ловен, играше и за Фуксе Берлин во периодот од 2010 до 2012 година.