Мундијалот во Данска и Германија го сруши апсолутниот рекорд по бројот на присутни гледачи

Данска СП

Никогаш во историјата на Светските првенства не се појавиле толку многу ракометни фанови на трибините како што беше случајот со неодамна завршениот собир во Данска и Германија.

Овогодишното издание на Мундијалот беше историско поради повеќе причини. Првпат се одржа во две различни земји, данската репрезентација за првпат во историјата се израдува на златото, а беше постигнат и апсолутен рекорд по бројот на гледачи кои пристигнаа да ги бодрат најдобрите ракометари во светот.

Највисока бројка беше забележана на СП во Германија во 2007 година кога имаше 750.000 навивачи. Оваа година истата беше надмината и застана на околу 900.000 фанови, што го потврди претседателот на Светската ракометна федерација (ИХФ), Хасан Мустафа.

Нешто повеќе од 15.000 љубители на ракометот се појавија во Хернинг за време на финалето, кои беше последено од страна на 2,74 милиони Данци и 1,1 милион Норвежани пред малите екрани.

Следниот турнир е закажан за две години, а домаќин ќе биде Египет.