Мулти Есенс се врати во Суперлигата на Македонија!

Екипата на Мулти Есенс забележа победа во последното коло од Првата лига против Драчево Јуниор (39-25) и официјално се врати во Суперлигата на Македонија.

По две години во понизок ранг, Мулти Есенс на убедлив начин се врати во елитното друштво. Со 23 победи и еден пораз, од Младост Богданци и тоа минимален, на вкупно 24 натпревари, Мулти Есенс обезбеди промоција.

Најдобар стрелец во тимот на Миле Бочкароски беше Бобан Поповски кој следната сезона ќе игра за Вардар 1961 со осум постигнати гола, пред Немања Џигеровски со седум постигнати гола.