Мукаетов: Трпевме многу критики со Лазаров, но сега се покажува дека сме на вистинскиот пат!

Македонија го одигра најефикасниот натпревар на 29. Светско ракометно првенство. Четата на Кирил Лазаров постигна 39 гола гола и со пет разлика го совладаа Катар за прва победа во главната фаза од планетарниот собир (39-34). 

Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов беше видно задоволен по победата во Вараждин и истакна дека во последните години заедно со селекторот Кирил азаров трпеа многу критики, но сега се покажа дека сме на вистинскиот пат.

„Апсолутно сум задоволен, имаме и два нерешени исходи, но задоволен сум од пристапот и од она што тимот го покажа од натпревар во натпреваре желбата за победа, квалитетот што го покажаа на терен.

Овие играчи се вистински пример како сите треба да се бориме за Македонија. Штета што немавме голема поддршка, тоа беше сплет за околности. Сите заедно направивме што можеме да ги задржиме играчите со фокус на теренот.

Многу сум среќен што оваа репрезентација покажа дека во следните години може да ги радува сите наши граѓани. Трпевме многу критики со Кирил Лазаров во изминатите години, но сега се покажува дека сме на вистинскиот пат“, рече Мукаетов.

Последниот натпревар од главната фаза го играме против моќната Франција, која е сигурен патник во четвртфиналето.