Мукаетов: РФМ ќе даде потполна поддршка на женската репрезентација!

Репрезентативките на Македонија ќе поделат „дебела“ премија доколку одново ја израдуваат нацијата и се пласираат на следното Светско првенство. Оваа информација ја потврдија од Ракометната федерација на Макединија, по завршувањето на седницата на Управниот одбор на федерацијата. 

<<< ПОВРЗАНО - Мотив повеќе пред баражот со Украина, РФМ одреди „дебела“ премија за ракометарките!

Првиот човек на мак-ракометот, Живко Мукаетов, на денешната средба со чнеовите на Управниот одбор истакна дека пласманот на Светското првенство е од исклучителна важност за македонскиот женски ракомет и дека федерацијата ќе продолжи да дава потполна поддршка на репрезентацијата.

„Пласманот на Светското првенство е од исклучителна важност за македонскиот женски ракомет, затоа Рaкометната федерација на Македонија (РФМ) ќе даде потполна поддршка на репрезентацијата во секој поглед. Треба повеќе да се работи, да се даде поддршка, организациски да се поставиме онака како што е најдобро. Секогаш постои дилема дали ни е потребна една ваква лига, или пак на еден проект во кој сите би биле собрани репрезентативките на едно место, како Будуќност во Црна Гора. Двете опции имаат добри и лоши страни, но за тоа ќе биде дискутирано подоцна. Сега фокусот треба да биде на двомечот со Украина“, рече првиот човек на Ракометната федерација на Македонија.

<<< ПОВРЗАНО - Мукаетов: Mногу важно e да го задржиме култот за играње за репрезентацијата

Бараж-натпреварите против Украина се играат на 8 и 11 април. Првата средба е во Скопје и се очекува огромна поддршка од „Фалангата“ за македонските ракометарки.