Мукаетов: Македонија има потенцијал за уште поголеми резултати!

Победата од 32-24 во Скопје им овозможи на избраницте на Раул Гонзалез да одиграат порелаксирано во Клуж и на крај со безболен пораз да го заверат пласманот на СП, четврто по ред, а шесто вкупно. Еден од најгласните во салата во Клуж, беше и претседателот на РФМ, Живко Мукаетов. 

„Покажавме дека сме подобри од Романија. Секогаш е тешко кога вториот натпревар од ваков бараж го играте на гостински терен. Секоја чест на момците. Иако во меѓувреме почнуваат евроквалификациите, со заеднички сили, како и досега, сметам дека ќе направиме сериозни подготовки за СП и знам дека имаме потенцијал за уште поголеми успеси“, изјави Мукаетов.

Ждрепката за групите на Мундијалот во Германија и Данска, кој ќе се одржи од 9 до 27 јануари следната година, ќе биде на 25 јуни во Копенхаген. Претходно, по одржување на Панамериканските Игри ќе бидат познати и учесниците од Јужна Америка.