• Иван Димовски
Ракометарите на Македонија ќе играат на уште еден голем собир, откако обезбедија пласман на Европското првенство кое во 2024 година ќе се одигра во Германија. Победата над Турција беше само „шлаг на тортата“, бидејќи Македонија веќе беше пласирана на турнирот.
Средбата во „Борис Трајковски“ беше простување на Гоце Георгиевски од репрезентативниот дрес, па публиката го препозна тоа и му оддаде чест. Крилото не го заборавија ниту од Ракометната федерација на Македонија од која доби врамен дрес, а славјето за пласманот на Европското првенство беше добар крај за репрезентативната кариера.
Заедно со ракометарите, во соблекувалната беше присутен и првиот човек на федерацијата, Живко Мукаетов, како и генералниот секретар Филип Милошевски. Претседателот и репрезентативците со песна и пиво го прославија постигнатиот резултат, а го поздравија и Георгиевски кој оди во пензија.