ФОТО: Мукаетов е верен фан на Македонија – навива заедно со „Фалангата“ во Клуж!

Македонија денес игра против Романија во вториот бараж натпревар од двомечот за пласман на Мундијалот во Германија и Данска на почетокот на следната година.

Меѓу педесетината македонски навивачи во салата „Хореа Демијан“ во Клуж Напока, беше и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, кој им ја даваше својата поддршка на македонските „лавови“.

Македонските ракометари се многу блиску до пласман на шестиот Мундијал во нашата историја, а четврти пат по ред, по учествата во Шпанија, Катар и Франција.