• Иван Димовски
Ракометарите на Нексе Нашице загубија на гостувањето кај Савехов (34-28) и групата во Европската лига на ЕХФ ја завршија на третото место. По крајот на средбата во Шведска дојде до еден скандал, а во центарот на вниманието беше гостински ракометари.
Откако публиката му довикуваше, Фахрудин Мелиќ ги загуби нервите и сакаше да се пресмета со навивачите. Тој го прескокна рекламното пано и тргна да се качи на трибината каде што имаше фанови на Савехов.
За среќа, брзо реагираа членовите на обезбедувањето, а во близина имаше и соиграчи на Мелиќ од Нексе, па тие спречија ситуацијата да ескалира.