ВИДЕО: Му ја „скрши кичмата“ на голманот – мајсторски пенал на Костески

Екипата на нашите интернационалци Никола Костески и Горан Крстевски, Линц, запиша нов пораз во австрискиот ракометен шампионат. 

Линц со 25-32 загуби од Тирол, но потегот на натпреварот му припадна на македонското крило, откако Костески „му скрши кичма“ на противничкиот голман при мајсторски изведен удар од седум метри. 

  • Погледнете го ефектниот гол на Костески: 

Десното крило натпреварот го заврши со шест гола, со кои стигна до 102 погодоци оваа сезона во првенството, додека Крстевски во листата на стрелците се запиша само двапати.