МРТ се огласи за Стоилов: Тоа е личен став на новинарот, јавноста набрзо ќе дознае за санкциите!

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Уредникот на спортската редакција на албански јазик во Македонската радио и телевизија, Мустафа Адеми, во преносот против Јапонија со својот несериозен пристап предизвика низа негативни реакции.

Имено, Адеми не го изговараше името на Стојанче Стоилов, туку нашиот репрезентативец го нарекуваше „играчот со број 5“, а поради таквиот потег од страна на раководните луѓе на МРТ најавена е и санкција за самиот новинар, доколку се утврди дека ги прекршил внатрешните правилници и кодекси на однесување на јавниот сервис.

ВИДЕО: Несфатливо и срамно - за коментаторот на МРТ2, Стоилов е само „играчот со број пет“

Соопштението ви го пренесуваме во целост: 

„МРТ е јавно претпријатие со единствен систем на управување. Согласно тоа, сакаме да ја известиме јавноста дека ќе се преземат сите законски мерки за санкционирање на однесувањето на некои наши вработени доколку се утврди прекршување на Етичкиот кодекс на МРТ, внатрешните правилници и законите во Република Македонија. За среќа, сѐ уште живееме во држава во која МРТ е едно јавно претпријатие кое ги обединува сите програмски сервиси. Напоменуваме дека сите изјави на вработени на МРТ се нивен личен став, а не став на МРТ како јавен сервис. Нагласуваме дека уредниците на програмските сервиси имаат целосна слобода и автономија во уредувачката политика, но таа секако треба да биде согласно законите и етичките и професионални стандарди. Јавноста набргу ќе биде известена за преземените мерки од овој инцидент. Исто така, апелираме да не се злоупотребува името на МРТ бидејќи во овој случај точно е лоцирана индивидуалната одговорност. Да и посакаме успех на нашата ракометна репрезентација и да се обединиме во нејзините успеси“, велат од националната ТВ-куќа.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0