Мотор се врати во финишот по пет гола негатива за победа кај Нексе во Нашице

Ракометарите на Нексе загубија на домашниот дуел со Мотор од Запорожје со 28-25, иако имаа водство и контрола на средбата. Во осмото коло од СЕХА лигата Мотор преку пресврт дојде до победата која моментално го израмни со Вардар на челната позиција од групата А. 

Натпреварот беше изедначен, а домашната екипа имаше и водство од пет гола, што на крајот ја испушти. Иако Хрватите водеа речиси цел натпревар, на крајот поискусната екипа од Запорожје дојде до целосен пресврт и победа од три гола разлика. 

  • Извештај од натпреварот: 

Нексе не погоди во последните четири напади и гостите тоа го казнија. На голот на Нексе, 11 одбрани собра Морено Цар, додека кај Мотор голманите имаа вкупно 15 одбрани, од кои седум на Комок и осум на Киреев. 

Најпрецизен во победничкиот табор беше Стефан Вујовиќ со седум погодоци, а во редовите на домаќинот по шест постигнаа Баришиќ и Јелиниќ.