Мотор приреди сензација во ЛШ и среде Германија одигра реми со Кил

Ракометарите на Мотор Запорожје приредија голема сензација во ракометната Лига на шампиони, откако во првиот натпревар од деветтото коло од групата Б, му откинаа планирана победа на фаворитот Кил, играјќи среде Германија реми (32-32).

Германскиот гигант доста опуштено го започна вечерашниот меч. Во воведниот дел ја имаше иницијативата и позитивата на своја страна, но во ниту еден момент не се одлепи повеќе од два гола. Мотор, пак, кој на ова гостување пристигна со три порази во низа, брзо се разбуди и го возврати ударот на фаворитот. Кон средината на првиот дел израмни на 10-10, а потоа го презеде водството и на полувреме замина со 16-17.

Во вториот дел Кил влезе во мини-серија и го презеде водството (20-18), но гостинот не се предаде и со нови позитивни минути за првпат поведе со три гола позитива (21-24). Сепак, бундеслигашот набргу ги врати работите во нормала, повторно поведе со два гола разлика, но ни тоа не беше доволно за победа над разиграните Украинци, кои во самиот финиш стигнаа до голем бод од ова тешко гостување (32-32).

Пукоски со десет гола беше најпрецизен на мечот, додека кај поразената екипа се истакнаа Екберг со девет и Пекелер со пет погодоци. И покрај ремито Кил останува на лидерската позиција во групата Б, во која се натпреварува и македонскиот шампион Вардар, кој моментално е пласиран на петтото место со девет бода. 

Во рамки од вечерашната програма на ракометната Лига на шампиони, македонскиот вицешампион Еурофарм Работник со минимални 23-21 загуби на гости кај Кокс, додека Динамо Букурешт продолжува со одличните игри и со убедливи 34-23 го совлада рускиот првак Чеховски Медведи

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 10 7 2 1 314:282 32 16
2 ВеспремВеспрем 10 7 0 3 333:288 45 14
3 КиелцеКиелце 1 10 5 2 3 302:283 19 12
4 МонпелјеМонпелје 1 10 5 1 4 277:274 3 11
5 ПортоПорто 10 4 2 4 286:295 -9 10
6 ВардарВардар 10 4 1 5 286:321 -35 9
7 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 10 1 2 7 297:323 -26 4
8 Мешков БрестМешков Брест 1 10 2 0 8 274:303 -29 4