Мотор не му направи услуга на Вардар и прокоцка изненадување

Екипата на Мотор Запорожје беше на прагот да приреди изненадување и да дојде до првата победа во Лигата на шампионите, меѓутоа пресуди лошиот финиш во кој Монпелје дојде до триумфот (25-26).

Украинците водеа цела средба, но во финишот концентрацијата како да падна, па гостинот од Франција се радуваше на победата и го презеде второто место на табелата на кое досега беше Вардар.

На паузата резултатот гласеше 17-12 за домашните, а Монпелје во второто полувреме цело време бркаше резултат. Гостите дојдоа до приклучок на минута пред крајот кога изедначија на 25-25, а во последните секунди се постигна гол, за конечни 25-26.

Најдобар стрелец кај победникот беше Тручановичиус со пет гола, исто колку што постигна и Дескат, а кај Мотор, Бабичев заврши со седум постигнати гола.

На останатите натпревари, ГОГ и Кристијанштад го поделија пленот (37-37), Барселона беше доминантна кај Алборг (30-34), Целје го доби балканското дерби со ППД Загреб (24-22), а Сегед сигурно славеше над Елверум (32-25).

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 7 5 1 1 219:189 30 11
2 МонпелјеМонпелје 2 7 4 1 2 189:184 5 9
3 ВардарВардар 1 7 4 1 2 210:217 -7 9
4 ВеспремВеспрем 1 7 4 0 3 236:210 26 8
5 КиелцеКиелце 2 7 3 2 2 213:206 7 8
6 ПортоПорто 7 3 2 2 201:210 -9 8
7 Мешков БрестМешков Брест 7 1 0 6 194:220 -26 2
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 7 0 1 6 202:228 -26 1