Мотор го претстави Пешевски: Очекуваме да ни помогне во ЛШ

Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски официјално е претставен како нов ракометар на украинскиот тим Мотор Запорожје.

Кружниот напаѓач, кој има 27 години, беше дел од Металург во целата своја кариера, а Мотор е прв друг клуб за него. Во Металург, Пешевски мина долги 16 години, а на промоцијата истакна дека тимот засекогаш ќе остане во неговото срце.

Од таборот на Мотор Запорожје во Пешевски гледаат големо засилување, кое ќе биде од голема важност за натпреварите во Лигата на шампионите. Пешевски во минатото во дресот на Металург двапати се соочи со Мотор и постигна вкупно седум гола.