Мотив повеќе пред баражот со Украина, РФМ одреди „дебела“ премија за ракометарките!

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија денес донесе одлука околу премијата што нашите девојки ќе ја поделат при евентуален пласман на Светското првенство, кое ќе се одигра во Данска, Норвешка и Шведска

Нашите ракометарки играат двомеч со репрезентацијата на Украина, а доколку успеат да ја минат оваа пречка, пласманот на Светското првенство ќе им донесе премија од 40.000 евра, која ќе ја поделат сите девојки меѓусебно. 

<<< ПОВРЗАНО - Мукаетов: РФМ ќе даде потполна поддршка на женската репрезентација!

Ова беше заклучено на денешниот состанок на Управниот одбор на федерацијата и треба да претставува мотив повеќе за девојките во пресрет на клучниот бараж за пласман на Светското првенство. Натпреварите ќе се одиграат на 8 и 11 април, а првиот меч ќе се игра во Скопје и се очекува огромна поддршка од „Фалангата“ за македонските ракометарки. 

<<< ПОВРЗАНО - Савевски: Kлуб-репрезентација е најдобрата опција за раст на женската селекција

Светското првенство за жени ќе се одигра во гореспоменатите скандинавски земји во периодот од 29 ноември до 17 декември годинава. 

Премија од два милиони денари ќе поделат и ракометарите, ако се пласираат на Европското првенство во Германија