Мославац: Нè очекува возбудлив натпревар против интересен ривал

Нексе Нашице го дочекува Еурофарм Пелистер во втората рунда на СЕХА лигата. Двата претставници тргнаа со порази од Војводина и сега целат кон први бодови. Во пресрет на меѓусебниот дуел, своите очекувања ги изнесе Лука Мославац. 

„По слабата претстава во Нови Сад против Војводина каде што имавме лош ден во два правци, сега ни доаѓа Еурофарм Пелистер. Се работи за интересна екипа која игра и во Европската лига, веројатно ќе ја мине групата и постои шанса токму со нив да се судриме во ова натпреварување. 

Пред нас е возбудлив натпревар, дефинитивно ќе одиграме подобро во напад и одбрана. Ни се враќаат репрезентативците Кузмановиќ, Јелиниќ и Бакиќ, а ќе заигра и Маркушиќ, па ќе бидеме посилни во ротација. Атмосферата во екипата е подобра, сите сме здрави и подготвени“, кажа Мославац.

Средбата меѓу Нексе и Еурофарм Пелистер во Нашице се игра денес со старт во 18:00 часот, а е од круцијално значење за двата тима.