Мораеш успешно опериран, надвор од терените осум седмици

Бразилскиот интернационалец кој ги брани боите на Вардар, Рожерио Мораеш имаше успешна операција на коленото.

Подолго време кружниот напаѓач на македонскиот шампион имаше проблеми со менискусот, а покрај тоа имаше интервенција и на рскавицата. Сега следува период на заздравување и за шест седмици би требало да почне да тренира со екипата.

Според првичните прогнози Мораеш ќе паузира два месеци пред целосното враќање на таренот и треба да биде целосно подготвен за пролетниот дел од сезоната.

До крајот на месецов и на почетокот на декември, Вардар треба да одигра уште три средби од Лигата на шампионите, и уште пет натпревари од СЕХА Газпром лигата.

Лига на шампиони (М), Група А
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 БарселонаБарселона 10 9 0 1 351:283 68 18
2 ВардарВардар 1 10 6 1 3 284:277 7 13
3 Рајн Некар ЛевенРајн Некар Левен 1 10 6 0 4 312:294 18 12
4 ВеспремВеспрем 1 10 6 0 4 288:274 14 12
5 КиелцеКиелце 3 10 6 0 4 314:303 11 12
6 Мешков БрестМешков Брест 10 2 1 7 277:315 -38 5
7 КристијанштадКристијанштад 10 2 1 7 284:334 -50 5
8 МонпелјеМонпелје 10 1 1 8 265:295 -30 3