Мораеш сепак го пропушта Кристијанштад, за Шведска не отпатува ниту Милиќ

Македонскиот и европскиот ракометен шампион, Вардар утре ги продолжува настапите во Лигата на шампионите, откако во гости ќе се судри со шведскиот шампион, Кристијанштад.

Вардарци веќе отпатуваа за Шведска, каде ќе атакуваат на петата победа во групата А, а поради повреди во Скопје останаа резервниот голман, Страхиња Милиќ и првиот кружен напаѓач, Рожерио Мораеш. Милиќ се повреди за време на ЕХФ неделата, додека Бразилецот заздравува од незгодната повреда на носот, која ја здоби на натпреварот против Барселона

Сепак, Вардар и без двајцата искусни ракометари е фаворит на утрешниот меч кој е закажан за од 18.00 часот. Вардар е лидер во група со девет бода од пет натпревари, додека домаќините се последни на табелата со само еден бод.