Монпелје во вториот дел го „размонтира“ Загреб и обезбеди четвртфинале во ЛШ

Ракометарите на Загреб пружија голема борба против Монпелје во осминафиналниот реванш од Лигата на шампионите, но францускиот тим на домашен терен успеа да извојува важна победа со 30-24 (14-14) и се пласира меѓу осумте најдобри во елитниот ранг на ЕХФ. 

Хрватскиот тим одигра одлично прво полувреме и успеа на паузата да се избори за нерешен резултат. Сепак, квалитетот на домаќините дојде до израз во последната третина од натпреварот и на крајот заслужено се радуваа на триумфот. 

Монпелје за првпат имаше три гола предност во периодот околу 45. минута, а до крајот успеа да ја зголеми позитивата и славеше уште поубедливо со конечен резултат 30-24. Единствена лоша вест за Канаје е повредата на Валентин Порт во завршницата. Францускиот претставник во четвртфиналето ќе има исклучително тешка задача против германскиот гигант, Кил. 

Најефикасен играч во победничкиот табор беше Словенецот Сташ Скубе со шест гола, додека кај загрепчани Фајиќ и Чупиќ постигнаа по четири погодоци.