Монпелје во последна секунда му го грабна третото место на Киелце

Борбата за горните позиции на табелата во групата на Вардар трае, затоа што Монпелје зададе удар и со гол во последна секунда на домашен терен славеше (25-24) во дерби-дуелот против Киелце.

Францускиот тим и некогашен европски првак победи благодарение на одличното второ полувреме. Во првиот дел Полјаците константно имаа предност, Монпелје се врати кога изедначи на 16-16, а драмата траеше се до самиот крај.

Вториот дел беше супер-интересен, затоа што Монпелје ниту еднаш не успеа да поведе со повеќе од два гола предност. Киелце се врати на дваесет секунди пред крајот, кога Морито и Агинагалде погодија за 24-24, но со гол на Соуси во последната секунда победата ја грабна францускиот тим.

Најдобар кај победникот беше Дескат со десет гола, а Вилемино даде шест, а кај Киелце, Кулеш и Морито имаа по пет гола, додека не помогна одличната партија на Волф со 15 интервенции.

За Монпелје ова беше шеста победа во Лигата на шампионите и сега е на третото место. Киелце, пак, падна на четвртата позиција. Францускиот тим го чека нов домашен дуел со Мешков Брест, додека Киелце ќе биде домаќин на Порто.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4