Монпелје со најдобар меч во годината во елитата го прескокна ГОГ

Француски Монпелје го одигра најдобриот натпревар оваа календарска година во Лигата на шампионите и на домашен терен освои важни бодови против дански ГОГ Гудме (36-25). Ова е највисока победа на неогашниот европски првак во елитата за 2023 година.

Домашниот тим ја оправда фаворитската улога и цело време беше во плус во однос на ривалот, па така се одмазди за претходниот пораз во Данска. И тоа двојно, па така го презеде четвртото место на табелата од ГОГ Гудме, кој сега е петти, иако има ист број на бодови со Монпелје.

По првиот дел беше 16-13, а разликата се случи во второто полувреме, кога францускиот претставник влезе во серија и од 18-15, замина на 22-15. Потоа, од 27-22, Монпелје на Канаје направи нова серија, за 32-22 и тука веќе мечот беше готов.

Пелас со осум гола беше најдобар кај победникот, пред Монте со четири, а Симоне и Вилмион имаа по четири погодоци. Кај ГОГ Гудме, Венсдорф имаше симултанка со единаесет гола, а Блонц даде четири гола.

Ова беше последен натпревар за двете екипи за оваа година во Лигата на шампионите.