Монпелје со гол-серија во финишот режира пресврт против Висла Плок

Ракометарите на Монпелје го запишаа првиот триумф во новата сезона на Лигата на шампионите. Во рамките на групата Б, францускиот тим го совлада Висла Плок во голема драма со 30-28 (14-15). Двете екипи имаа шанса за први бодови во новата сезона, ама Монпелје имаше почелични нерви во завршницата. 

Полскиот гостин во Франција тргна добро, по воведното испитување на силите Висла беше тимот кој имаше резултатска контрола. Иако бе успеваше да се одлепи, гостинската екипа држеше минимална предност, а Монпелје дојде до егал пред паузата. Сепак, на одмор се замина со водство од 14-15 на Полјаците. 

Слично се играше и во продолжението од мечот. Момците од Плок беа одлични, диктираа темпо и пред завршницата имаа предност од три гола (23-26), која ја испуштија. Монпелје се крена, заигра одлично во напад и цврсто во одбрана па до крајот на мечот со серија од 7-2 дојде до победата. 

Еѓипќанецот Елсајед Мохам со девет погодоци беше најдобар играч на паркетот во Монпелје, додека кај Висла се истакна Ловро Михиќ кој имаше „шест од шест“.