Монпелје е четвртфинален ривал на Вардар во ЕЛ, еве кога се играат натпреварите

Ракометарите на Монпелје ќе му бидат ривал на Вардар 1961 во четвртфиналето на Европската лига на ЕХФ. 

Францускиот колектив загуби на возвратниот осминафинален дуел од Елверум со 35-31, меѓутоа овој пораз не значи многу. Монпелје на првиот меч на домашен терен победи со огромни 12 гола разлика и со тоа си го трасира патот до четвртфиналето. 

Вардарци ќе имаат сериозен предизвик против Французите во борбата за место на „фајнал-фор“ турнирот. 

Првиот натпревар меѓу Монпелје и Вардар се игра на 28 април во Франција, додека реваншот е на 5 мај во Скопје.