Момир Илиќ ќе биде тренер во најсилната светска лига

Поранешниот српски репрезентативец, Момир Илиќ, официјално станува нов тренер на бундеслигашот Вецлар и ќе работи во најсилната светска ракометна лига. 

Илиќ ќе премине во новата средина веднаш по крајот на оваа сезона, а воедно изрази задоволство од сораотката и среќен e што ќе работи во Германија, земја во која мина цела деценија како активен ракометар. 

„Чест ми е што луѓето од Вецлар ми укажаа голема доверба. Клубот има долга прволигашка традиција и свесен сум каква одговорност преземам. Се радувам што ќе бидам дел од тимот и ќе дадам максимум од моите можности за добри резултати. Навивачите ќе ги навикнеме на нов пристап, со победнички менталитет. Ќе играме модерен и брз ракомет“, најави Илиќ. 

Младиот српски стратег го водеше унгарски Веспрем, а како активен играч настапуваше за Колубара, Фиделинка, Горење Велење, Гумберсбах, Кил и Веспрем.