Момир Илиќ ја донесе замената за Миркуловски во Вецлар

Екипата на Вецлар во новата сезона ќе има нов тренер, тоа е Србинот Момир Илиќ, а заедно со него ќе пристигнат и нови соработници, што значеше крај за македонската ракометна легенда Филип Миркуловски во тимот.

Миркуловски беше во Вецлар една деценија, но не доби нов договор од клубот. На негово место во првиот тим доаѓа искусниот Србин Владан Јордовиќ. 55-годишникот беше дел од ПИК Сегед во изминатите години.

Исто така, Јордовиќ покрај што ќе му биде асистент на Илиќ, ќе работи и со голманите.