ВИДЕО: Моментот кога Циндриќ ја скрши клучната коска против Флензбург

Лука Циндриќ

Хрватот Лука Циндриќ ќе мора да прави пауза од ракометните терени, поради повредата со која се здоби на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите.

„Тргнав да скокнам, а противничкиот играч ме турна и јас паднав на рамото со полна тежина. Среќа во несреќа е што се работи за мојата лева рака“, рече Циндриќ по мечот.

Одличниот среден бек при еден влез падна директно на рамото и остана да лежи. Моментот се случи во 12. минута од натпреварот во Германија.

Пред три месеци хрватскиот играч стигна до нова титула во Лигата на шампионите со Барселона. Првата ја освои како член на Вардар пред неколку години.

28-годишникот ќе прави операција, а се предвидува дека ќе паузира нешто повеќе од еден месец.