Момент за историја? Ракометар на Супер Глоуб даде 26 гола на еден меч!

Екипата на Магдебург убедливо славеше над Универзитетот Квинселд на Супер Глоуб турнирот (57-14), а куриозитет на овој меч е едно од достигнувањата на член на бундеслигашот.

Во убедливата победа, шведскиот 31-годишен ракометар Даниел Петерсон направи потег за „верувале или не“. Десното крило на Магдебург на овој натпревар постигна 26 гола во противничката мрежа, од вкупно 27 обиди!

Убедливото издание му донесе и МВП признание по натпреварот, а според досегашната статистика тој е рекордер на натпреварите на Супер Глоуб по број на постигнати голови на еден меч.

Во европски рамки не може да се говори затоа што секоја земја нема посебни статистичари, но според обезбеденото досега, Микита Валјупов од Мешков Брест даде 35 гола на еден меч.