Момент за историја: 14-годишната Младеновска дебитира меѓу сениорките!

Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби од Црна Гора, но доби нови репрезентативки на овој дуел, меѓу нив беше и 14-годишната Ива Младеновска од Металург, која доби шанса да ги доигра последните пет минути.

Девојчето чија кариера допрва треба да се гради беше МВП на ЕХФ-шампионатот во Литванија, каде селекцијата до 17 години ја освои првата позиција со победа во финалето над Исланд.

Токму поради тоа, селекторот Савевски реши да ѝ даде шанса да настапи. Младата девојка во последните пет минути шутираше двапати, но не успеа да реализира. Сепак, нема причина за тага, затоа што нејзиното време допрва следи.

Младеновска е една од најмладите дебитантки во историјата на македонскиот спорт во сениорските репрезентации.