• Иван Димовски
Ракометарите на Алкалоид покажаа дека не се шегуваат, па откако пред неколку денови го совладаа Еурофарм Пелистер за трофејот во Суперкупот, сега ја отворија сезоната во Суперлигата со победа над Вардар (33-30).
Момчињата на Кирил Лазаров полека, но сигурно стануваат мажи. Младите ракометари се прикажаа доста искусно против релативно поквалитетните тимови и фаворити за трофејот. Покажа Алкалоид дека има карактер, физичка подготвеност и добра клупа, а тоа може да им биде предност против двата ривали.
Во само неколку денови им зедоа скалп на Еурофарм Пелистер и Вардар, тоа е перфектна најава за супер-возбудлива сезона во Суперлигата. Впрочем, тоа го покажаа и лани кога на завршницата во Купот на Македонија ги победија скопјани и битолчани за да го освојат првиот клупски трофеј.