• Иван Димовски

Ракометарите на Мотор Запорожје ќе играат во осминафиналето на Европската лига на ЕХФ, откако го совладаа Еурофарм Пелистер (25-27) во клучниот меч на групната фаза. По големото славје во Битола, својата неизмерна среќа ја сподели Карлос Молина Косано кој победата ја посвети на цела Украина.
„Оваа победа не е голема само за нас и стручниот штаб, туку за целиот украински народ, ракометот во оваа земја и сите семејства. Фантаститчно беѓе да се игра во Битола, пред вакви навивачи во одлична атмосфера“, кажа Молина.
Ова е подвиг на украинскиот тим, кому реално не му се даваше голема шанса во групата. Сепак, Мотор со многу работа и труд успеа да направи подвиг и се најде меѓу шеснаесетте најдобри.