Моќната Норвешка со тимска игра ја откажа Данска и оди по трето олимписко злато

Репрезентацијата на Норвешка е вториот патник во финалето на Олимписките игри, откако славеше со 25-21 (11-8) над селекцијата на Данска и по петти пат во историјата ќе игра за златниот медал на женскиот ракометен турнир. 

Норвежанките имаа предност во текот на целиот меч и најавија дека се дојдени по триумф уште во првото полувреме, по кое имаа предност од три гола (11-8). Данска одигра уште послабо во вториот дел, имаше највисоки „минус седум“ негатива, па до крајот успеа само малку да го ублажи поразот. 

Тимската игра ја красеше победничката селекција, за тоа доволно говори и фактот дека шест ракометарки имаа три или повеќе голови. Кај Данска немаше ниту еден лидер и поразот на крајот беше неизбежен, но останува мечот за бронзениот медал против селекцијата на Шведска

Најдобра во победничкиот табор беше Кари Дале со четири голови, додека кај Данска ист учинок имаше Кристина Јоргенсен.

ФОТО: IHF