Моќна претстава на Кристопанс, ПСЖ против Кил ќе се бори за нов „фајнал-фор“ во ЛШ

Екипата на Пари Сен Жермен е осмиот патник во четвртфиналето во Лигата на шампионите на ЕХФ. Во последниот осминафинален натпревар во елитата, ПСЖ го искористи домашниот терен, со убедливи 37-30 славеше над Елверум и закажа битка за „фајнал-фор“ со германски Кил.

Четата на Раул Гонзалез имаше наверојатно прво полувреме, можеби најдобро оваа сезона во Лигата на шампионите. Парижани беа речиси непогрешливи во нападот, а тоа донесе дури 20 гола во мрежата на Елверум за само 30 минути. Во отсуство на Микел Хансен, кој поради здравствени проблеми ја заврши сезоната, во таборот на францускиот гигант блесна поранешниот вардарец Кристопас и постигна една четвртина од головите за својот тим во првиот дел.

На полувреме каталонците заминаа со позитива од шест гола (20-14), а ништо не се промени ниту на стартот од второто полувреме. Фаворитот одново ја имаше главната улога и го зголемуваше водството, кое што на крај застана на седум гола (37-30).

Кристопанс во вториот дел постигна уште два гола и натпреварот го заврши со вкупно седум погодоци, исто колку и Шипржак, а еден повеќе од Коунку. Кај поразениот тим Нилсен Мое беше најпрецизен со десет гола.