Мојсовски: Ако покажеме борба, ја победуваме Црна Гора!

Првиот човек на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски е во Унгарија и ќе биде дел од македонските навивачи за време на дуелот со Црна Гора.

Поранешниот репрезентативец очекува победа, а воедно се надева на максимално чување на силите за последниот меч против Данска.

„Младите момци покажаа дека имаа сила за добар настап на Европското првенство. Очекувам да ја повториме играта против Словенија и на вториот натпревар. Се надевам дека тоа ќе вроди со плод.

Враќањето на Митревски ни дава сигурност. Очекувам добра игра и чување на силите за Данска, натпревар кој на крај може да одлучува за нашиот понатамошен настап на шампионатот. Ако покажеме борба, мислам дека ќе славиме против Црна Гора. Нашиот денешен противник е постатичен во однос на Словенија“  вели Мојсовски.

Натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора се игра денес во 18:00 часот. Нашиот противник на првиот натпревар убедливо загуби од данската репрезентација.